Убиството на едно дете

… Се сеќавам како да беше вчера. Месец Април, две илјади и петто лето господово. Бев во огромно исчекување на престојниот период, на престојниот месец, на последните мои средношколки денови. Голема еуфорија не имаше обземено сите нас. Се нарекувавме децата на сонцето, затоа што во тој момент не постоеше жива сила на светот која би можела да ни застане на патот. Го држевме светот на дланка и му пркосевме на неговата ротација. Се движевме во спротивната насока. Ах… барем јас така се чувствував.

Тоа беше периодот кога секој од нас требаше да го достави својот матурски труд. Јас веќе го имав изработено, преработено и разработено од првата маргина до корицата. Се прашувате што беше мојата тема? Со блага насмевка ќе ви одговорам: НЕ ВИ КАЖУВАМ. А насловот на темата и не е толку битен. Битна е завршната реченица во тој труд. „…Никогаш нема да го убијам детето во мене, бидејќи, на крајот на краиштата, живеејки во овој суров свет на ударни вести, глобални трагедии и безпотребни демагогии тоа мало детенце е единствениот мој портал за бегство од реалноста. Тоа детенце ме тера да сакам, ми дава поттик да живеам, да се смеам и да посакувам и се борам за подобро утре…“

Колку наивно и идеалистицки од моја страна а! Сигурно моментално ми се потсмевате. Јас пак ке ви одговорам, да јас верував во тоа што го правам и тоа што го мислам. Јас верував дека можам само со една моја помисла да ја натерам земјината топка да престане да ротира околу сонцето, и целиот универзум да се реформира по моја зелба и вкус.

Е сега се поставува едно битно егзистенцијалистичко прашање. Дали сега верувам во тоа? Еве ќе се извадам од мојата егоцентрична рамка и ќе ги погледнам работите од друга перспектива. Колку и да сакам да го направам тоа, и колку и да се мачам да го модифицирам прашањето, суштината негова останува иста. Дали Вие сеуште верувате во тоа?

Современиот начин на живеење ни има дадено многу. Сите го земаме здраво за готово, целиот high-tech свет кој како некое јато мршојадци не опкружува се повеќе и повеќе. Полека се губиме себе си.

Будали се оние кои сеуште се обидуваат да го проживеат животот низ очите на едно дете.  Тие луѓе кои се полни со дух и елан, секогаш праведни, секогаш искрени, никогаш грешни.

Јас мислам дека е време да го убиеме детето во нас. Ве повикувам на опстомасовен геноцид. Заталкајте длабоко во својата душа, пронајдете го ако веќе не сте го убиле, грабнете го за вратот и задавете го. Задавете го тој слободен дух кој ве водел низ животот. Тука нема место за тоа мало невино искрено суштество. Се уште не сте посегнале по неговиот живот? Хмммммм… ни јас. Се прашувам зошто?

Не ми се верува вие се уште сте будни. Јас заминувам и ви посакувам пријатна вечер, а на оние кои планираат да останат, им потшепнувам само едно кратко збогум.

Нештата за збогум

Сигурно се прашувате зошто баш мојот прв текст на ова наше мало cyber просторче баш го почнувам со збогум. Прашањето ви е потполно оправдано. А дали ќе ви го дадам одговорот, тоа е веќе дискутабилно. Одоговори, изговори, преговори, договори, сето тоа знае да ви се качи на живец.

И со оваа утринска порака ви посакувам добредојдовте, и доколку останете ви посакувам збогум.

Follow

Get every new post delivered to your Inbox.